Војна во град Скопје меѓу Данела Арсовска и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, се спомнува и 136 милиони евра високиот тендер за пречистителна станица

news
Advertisement

Ѓоко Велковски, кој беше генерален секретар во град Скопје соопшти дека си поднел оставка поради несоработката со градоначалничката Данела Арсовска, додека од град Скопје пак тврдат дека тој бил разрешен уште во петок во пакет со директорот на Водовод Перински.

Advertisement

Причината за двете разрешувања, според соопштението на Арсовска е поради фаворизирање и обид за влијание во тендерот за пречистителна станица. Од друга страна, и Перински и Велковски  дојдоа на своите позиции преку ВМРО-ДПМНЕ, главен поддржувач на Арсовска на ланските локални избори. Разрешените најавија прес конференција, а партиски извори брифираат дека луѓе на Арсовска фаворизирале турска фирма на тендерот.

Велковски соопшто дека ќе се врати на својата втора функција , како советник во Чаир затоа што ДКСК му посочило дека не може да биде на двете функции истовремено.  Но упати и критики до досегашната коалициона партнерка- градоначалничката Арсовска.

-Со оглед на тоа што на оваа позиција дојдов откако претходно бев избран за советник во општината Чаир, кое е местото каде што живеам и каде што исто така имам обврска да придонесувам барав Државната комисија за спречување на корупцијата да се изјасни за таквата ситуација. Тие овие денови ме известија дека ќе морам да се определам за една од тие две позиции, при што јас донесов одлука да си заминам од позицијата генерален секретар на градот Скопје и да се посветам на советничката функција каде сум избран од граѓаните на Чаир. Оваа моја одлука ја донесов и поради фактот што сум разочаран од слабиот потенцијал за работа и несоработката од градоначалничката Арсовска во реализацијата на капиталните проекти за градот Скопје. Ветувањето кон скопјани беше модерна метропола, а резултатите да бидат брзи и сигурни, наведува Велковски.

Инаку, Град Скопје во петокот го разреши Златко Перински, в.д директорот на Јавното претпријатие Водовод и канализација поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер.

Поради обиди за влијание кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основаните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица telma.com.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.