Во Балтимор голем мост се урна откако во него удри брод,на мостот имало автомобили

news
Advertisement

Во американскиот град Балтимор во државата Мериленд, голем мост се урна во реката откако во него удри товарен брод, кој потоа се запали.

Advertisement

На мостот имало автомобили, кои по уривањето на мостот завршиле во реката.Не се знае дали има жртви и поврдени.

Мостот Френсис Скот Ки вообичаено е дел од лентите кон југ и север на автопатот Интерстејт .Според извештаите на локалните медиуми, големиот брод удрил во мостот околу 1:30 часот по полноќ. Бродот прво се запалил, а потоа мостот се урнал. Мостот со 4 ленти служи како најоддалечен премин на пристаништето во Балтимор .

Се смета дека најмалку 20 работници паднале во вода по уривањето на мостот во Балтимор, изјави за Би-Би-Си Кевин Картрајт од противпожарната служба на Балтимор.

Тој претходно рече дека спасувачи трагаат по најмалку седум лица во реката Патапско.

Картрајт нагласи дека условите за спасување се несигурни бидејќи делови од држачите сè уште висат од мостот, што значи дека спасувачките тимови мора да работат многу внимателно.

На местото на несреќата присутни се и нуркачи.

Превозната бродска компанија Синерџи марин Груп (Synergy Marine Group) потврди дека нејзиниот контејнерски брод под сингапурско знаме „Дали“ удрил во столб на мостот Френсис Скот Ки во Балтимор.

– Иако точната причина за инцидентот допрва треба да се утврди, можеме да потврдиме дека сите членови на екипажот се безбедни и нема извештаи за повредени, се вели во соопштението на компанијата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.