Advertisement
Битолската полиција трага по возрасен маж кој е можен подметнувач на пожарот во битолската населба Стрелиште и на други пожари во овој регион. Само во Битолско вчера имаше 10 пожари. Сведок тврди дека видел лице кое подметнувал пожари. Локацијата на еден од пожарите била меѓу две бензински пумпи, но пожарникарите не дозволија огнот да се прошири и предизвикана е незначителна штета.
Advertisement
Advertisement