Во Газа загина третото лице во хиерархијата на Хамас

news
Advertisement

Во израелската воена операција во „Ал Шифа“во Газа загина третото лице во хиерархијата на Хамас

Advertisement

Стотици цивили беа принудени да ја напуштат областа.

Вашингтон ја потврди смртта во операцијата на заменик-шефот на военото крило на „Хамас“ Марван Иса. Тој е највисокиот претставник на палестинското исламистичко движење убиен од израелската армија во Појасот Газа од почетокот на војната пред речиси половина година.

-Елиминиравме повеќе од 20 терористи во болничкиот комплекс и над 20 во областа околу болницата, рече портпаролот на израелската армија, контраадмирал Даниел Хагари. Тој додаде дека се приведени „повеќе од 200 осомничени терористи“.

Министерството за здравство во Појасот Газа извести за „десетици убиени и ранети, од кои повеќето цивили, во операцијата на израелската војска во болницата „Ал Шифа“, но не даде точни бројки.Vecer

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.