Advertisement
Во Дубаи вчера бил уапсен Шеваљ Муареми, водачот на криминалната група од Грчец за кого Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница.
Advertisement
Според извори на TВ21, Шеваљ набргу бил пуштен бидејќи тамошните власти му рекле дека нема доволно докази поради кои може да биде задржан, па го пуштиле на слобода. Инаку биле доставени докази против него од апликацијата Sky, кои пак полицијата во Дубаи не ги признавала за релевантни.
Муареми е осомничен како предводник на групата од Грчец која убивала и пренесувала дрога, а беше откриена преку акција потпомогната и од меѓународните истражни институции.
Advertisement