Во кои години мажите се најмногу расположени за секс?

news
Advertisement

Сексуалниот нагон се менува низ годините, а на прв поглед може да изгледа дека хормоните ја играат главната лога кога станува збор за желбата за секс. Но, не е така.

Advertisement

Мажите во дваесеттите години

Во текот на дваесеттите години мажите имаат високо ниво на тестостерон, хормон одговорен за сексуална возбуда поради што на оваа возраст обично имаат силен сексуален нагон.

Од друга страна, околу 8% од мажите во овие години доживуваат повремени проблеми со еректилна дисфункција.

Мажите во триесеттите и четириесеттите години

Иако тестостеронот почнува полека да опаѓа околу 35-тата година од животот, многу мажи и понатаму имаат силен сексуален нагон во текот на овие години. Нивоата на тестостерон обично паѓаат за околу еден процент годишно, но кај некои мажи може да паднат побрзо, а тоа влијае на сексуалниот нагон.

Многу мажи на оваа возраст чувствуваат голем стрес поради работата, семејството и други обврски, што може во голема мера да влијае на тоа колку се заинтересирани за секс.

Мажи 50+

За мажите на оваа возраст, кои се со добро ментално и физичко здравје не постои причина зошто не треба да продолжат да уживаат во сексуалниот живот. Сепка, во овие години често се појавува проблем на еректилна дисфункција, односно ерекцијата станува поретка и недоволно силна за сексуален однос.

Самото стареење не е главна причина, туку здравствените проблеми што доаѓаат со годините како висок холестерол, срцеви заболувања, лекови и слично.

Извор:Кајгана.мк

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.