ВО КУЧКОВО ЌЕ СЕ ГРАДИ ЦЕНТАР ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДЕЦА КОИ ИМАЛЕ РАК Тука ќе закрепнуваат и ќе го учат пропуштеното

news
Advertisement

Објектот на основното училиште во селото Кучково во Ѓорче Петров ќе биде преадаптиран во Регионален Центар за рехабилитација на деца кои преживеале канцер со поддршка од Министерство за локална самоуправа и Владата на Швајцарија. Проектот ќе биде спроведен од Центарот за развој на Скопски плански регион во рамки на проектот „Приказната продолжува“.

Advertisement

Вкупна вредност на проектот е 23.574.074 денари, од кои 10.380.998 денари се обезбедени од Министерството за локална самоуправа, 8.435.000 денари се обезбедени преку Швајцарската влада, а општината обезбеди 4.758.076 денари.

– Со овој проект ја потенцираме инклузијата на деца по преживеан канцер во социо-културниот и образовен живот на регионално ниво преку дијалог, градиме доверба и свесност за различностите, заради подобар квалитет на живеење и создавање услови за креативен, социјален и независен живот преку подобрен пристап до услугата-основно образование. Со овој проект се надминува и системски пропуст во образованието кај овие деца преку дигитален наставен материјал прилагоден за учење од далечина – рече министерот за локална самоуправа Ристо Пенов.

Тој посочи дека пред педесет години, ракот во детството беше неизлечива болест. Денес, речиси 80% од децата кои се соочиле со оваа болест, имаат некакви негативни последици бидејќи, преживувањето не доаѓа без негативни ефекти. Ракот и неговите третмани покажаа сериозни последици на капацитетот кај детето да биде активно од физички, физиолошки и психосоцијални аспекти.

– Поради местоположбата го одбравме селото Кучково кое е лоцирано во руралното подрачје на општина Ѓорче Петров, на 600 метри надморска височина и изоболува со пасишта, зеленило, беспрекорна природа и чист воздух. Постоечкиот објект на основното училиште во село Кучково е изграден е во 1921 година, но состојбата во која се наоѓа објектот овозможува идеални услови за негова реконструкција и адаптација – вели Пенов.

Тој потенцираше дека спроведените истражувањата сериозната последица која се јавува поради специфичноста и должината на лекувањето, кај децата на училишна возраст е нивното отсуство (најмалку една училишна година) од редовното образование. Во овој случај се работи т.е. детектиран е системски пропуст, а децата-ученици лекувани од канцер, покрај социјалната и физичка дистанца од соучениците и другарчиња на училиште, имаат и голем пропуст во образованието.

– Затоа беше неопходно да се обезбеди Регионален Центар каде на децата со прележан канцер, организирано и на едно место ќе им се понуди грижа, професионална поддршка и едукација, со цел да се надмине системскиот пропуст и да им се помогне не само на емоционално, психичко и физичко ниво, туку да се вратат во образовниот процес и во новиот живот по канцер – заклучи Пенов.

Директорот на Центарот за развој на Скопски плански регион Јане Мицевски најави дека предвидено е објектот да биде завршен за околу за 6 месеци.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.