Во куќа утрово пронајдени мртви мајка, син и неговата девојка, полицијата затекла агрегат на местото – нова трагедија во Хрватска

Во куќа утрово пронајдени мртви мајка, син и неговата девојка, полицијата затекла агрегат на местото – нова трагедија во Хрватска

news
Advertisement

Advertisement

Полицијата утрово пронашла три мртви лица во куќа во месноста Бенковац во Хрватска. Во семејната куќа во Раштевиќ пронајдени се три мртви тела без видливи траги на насилство, а во куќата е пронајден агрегат (генератор) како извор на електрична енергија, соопштија од Полициската управа Задар. Полицијата излегла на терен откако добила дојава дека овие лица не се јавуваат на повиците. Во тек е увид на местото на настанот, а се преземаат мерки и дејствија за утврдување на сите факти и околности на настанот, меѓу кои е и обдукција. Според досега прибраните информации, нема сомнеж за постоење елементи на кривично дело, се додава во полициското соопштение.

Advertisement