Во ноември пет лица во Македонија починале од ковид-19, а во Грција за една недела 60 пациенти

news
Advertisement

Короната се шири на Балканот, сè повеќе хоспитализирани со сериозни проблеми

Advertisement

Според последните анализи на Институтот за јавно здравје во текот на ноември се пријавени вкупно 229 случаи на ковид-19, во Македонија, а од нив пет лица ја изгубиле битката со болеста. Според нив регистрирани се 94 реинфекции, односно лица што по неколку пати веќе го прележале вирусот. Доктор Милена Стевановиќ, директор на Клиниката за инфективни болести, во Скопје вели дека состојбата во земјава со ковид и сезонски грип е мира. Во периодот од 11 до 17 декември во Грција е регистриран зголемен број заразени со коронавирусот, а починати се 60 пациенти

Во текот на ноември пријавени се вкупно 229 случаи на ковид-19, во Македонија, а од нив пет лица ја изгубиле битката со болеста. Ова се последните анализи на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) каде што од кога Светска здравствена организација прогласи крај на пандемијата податоците за коронавирусот се сублимираат на месечно ниво.

-Во однос на претходниот месец октомври 2023 година кога биле заболени со овој вирус 535 лица се регистрира намалување на бројот на пријавени од ковид-19 за 57,2%, а во однос на ноември минатата 2022 година кога имало 824 инфицирани лица се регистрира намалување на заболените од 72,2%. Од заболените во ноември годинава најголем број на заболени и тоа 112 лица се од Скопје, а највисока инциденца од 68,9,1/100.000 се регистрира во Охрид-велат од Институтот за јавно здравје.

Според нив регистрирани се 94 реинфекции, односно лица што неколку пати веќе го прележале вирусот.

-Регистрирани се заболени лица од сите возрасни групи, со најголем број случаи пријавени во возрасната групата над 60 години, покажува статистиката на ИЈЗ.

Според д-р Милена Стевановиќ, директор на Клиника за инфективни болести во Скопје, во моментов во Македонија короната е под контрола и мал е бројот на заразени лица со овој вирус. Таа вели дека нема притисок ниту од страна на сезонскиот грип во нивните дежурни амбуланти.

– Во моментов, нема приказна што треба да не загрижува. Бројката на хоспитализирани лица е многу мала, само едно е на кислородна поддршка. Се работи за повозрасни лица кај кои основната болест е посериозна од самиот коронавирус – вели Стевановиќ за весникот ВЕЧЕР и дополнува дека за последните 24 часа, во нивните амбуланти само две лица биле со ковид.

Стевановиќ вели дека не знае како ќе одат работите понатаму, но засега нема за што да бидеме загрижени.

За разлика откај нас, во земјите од регионов во пораст е бројот на сезонски инфекции, меѓу кои и вирусот ковид-19. Според хрватскиот Институт за јавно здравје, во оваа земја повторно се зголемува бројот на заразени со коронавирус и само за една недела се регистрирани 42 смртни случаи, како последица на ковид-19.

Слична е состојбата и во соседна Грција. Така во периодот од 11 до 17 декември, во оваа земја е регистриран зголемен број заразени со коронавирусот. Во споредба со една седмица претходно, има зголемување и на хоспитализираните, приклучените на апарати, но и на починатите. Согласно неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ) во конкретниот период регистрирани се 60 смртни случаи на возраст од 57 до 98 години, бројка поголема во однос на просечниот неделен број на починати во изминатите четири седмици.

Хоспитализирани биле 1.373 лица, за 45 отсто повеќе од просекот, а пораст има и на пациентите приклучени на апарати достигнал вкупно 62.

Позитивноста кај сите тестирани примероци бележи зголемување во однос на претходната седмица, кога исто така имаше зголемување споредбено со претходно. Според ЕОДИ, во земјата е потврдени вкупно 101 случај на новиот сој JN.1, што е подваријанта на BA. 2.86 Националната организација за јавно здравје на Грција, веќе подолг период, го промени начинот на следење на ковид-19 и извештаите што се објавуваат еднаш седмично се описни и детални, без конкретни бројки на новозаразени, како што беше случај во текот на пандемијата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.