Во сообраќајка меѓу „мерцедес“ и мотоцикл, тешко повреден 22-годишник од Тетовско

news
Advertisement

Вчера во 19 часот и 50 минути во СВР Тетово е пријавено дека на крстосницата на улиците „Благоја Тоска“ и „ЈНА“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот М.М. од тетовска Шипковица и мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван 22-годишниот Н.И. од истото село, извести СВР Тетово.

Advertisement

Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клинички болница. На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.