Во сообраќајна нeсрeќа во Турција 3агинаа најмалку 16 луѓе

news
Advertisement

Најмалку 16 лица загинаа, а 22 се повредени во двојна несреќа во близина на јужниот турски град Газиантеп, соопштија локалните власти во саботата.
Тројца пожарникари, четворица членови на брзата помош и двајца новинари се меѓу 15-те загинати, соопшти гувернерот на Газиантеп, Давут Ѓул.
Спасувачките служби прво пристигнале на автопатот на местото на несреќата на минибусот, а потоа во нив удрил патнички автобус.Автобусот се превртел и се лизнал 200 метри, при што удрил во екипа на брза помош и медиумска екипа. Загинаа двајца новинари на новинската агенција ИХА.
НТВ емитува снимка од местото на несреќата на која се гледа како жртвите се извлекуваат од автобусот, опишувајќи ја ситуацијата како „хаотична“. „Многу е лошо, како да сме во војна. Изгубивме двајца колеги“, рече Саид Вакас, дописник на ИХА за Газиантеп, град во близина на сириската граница.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.