Во Србија регистрирани 39 случаи на западнонилска треска

news
Advertisement

Заклучно со 20 август во Србија се регистрирани 39 случаи на заболени од западнонилска треска, соопшти Институтот за јавно здравје „Д-р Милан Јовановиќ Батут“.

Advertisement

Инциденцата на болеста е поголема кај мажите (64 проценти), додека просечната возраст на заболените е 64 години. Повеќето од пациентите (70 проценти) имале некаков коморбидитет (најчесто дијабетес, хипертензија).

Повеќето од досега регистрираните случаи имаат некаква форма на невроинвазивна форма на болеста (менингитис или енцефалитис), а се лекуваат во болница, се додава во соопштението.

Во сезоната на надзор, до 16 август, пријавени се 125 случаи на западнонилска треска во земјите на ЕУ и тоа во Италија (56), Грција (48), Франција (7), Романија (6 ) , Унгарија (5), Германија (2) и Шпанија (1).

Регистрирани се девет смртни случаи поврзани со западнонилската треска и тоа во Грција (5), Италија (3) и Романија (1).

Западнонилската треска е сезонско заболување кое се пренесува со каснување на заразен комарец. Главниот вектор, односно преносител на вирусот Западен Нил е Culex pipiens, вид комарец кој е припитомен и во регионот. Сезоната на пренос на вирусот Западен Нил обично трае од јуни до ноември.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.