Во Тирана одржан протест на опозицијата, демонстрантите фрлаа камења кон полицијата

news
Advertisement

Неколку илјади приврзаници на албанската опозиција протестираа синоќа во Тирана против актуелната влада на премиерот Еди Рама, обвинувајќи ја за корупција.

Advertisement

Демонстрантите фрлаа камења и молотови коктели кон полицијата, а некои ја урнаа железната ограда околу зградата на владата, пренесува АП.

Од октомври, пратениците на опозицијата честопати ги прекинуваат парламентарните седници во знак на протест поради одбивањето на владејачките социјалисти да формираат парламентарни комисии за истрага на наводните случаи на корупција во кои се вклучени, како што тврдат, премиерот Еди Рама и други функционери.

Протестот, кој заврши мирно, се одржа на 33-годишнината од уривањето на споменикот на починатиот албански комунистички лидер Енвер Хоџа, кога десетици илјади студенти и граѓани станаа да го урнат гигантскиот споменик лоциран во центарот на Тирана.

За време на протестот, демонстрантите му изразија поддршка и на поранешниот премиер, а сега лидер на опозицијата Саљи Бериша, кој е во домашен притвор поради истрага за злоупотреба на службената положба.

Бериша од својот стан во обраќањето кое беше пренесувано во живо на собирот, го обвини актуелниот премиер Еди Рама за корупција и политички напади врз неговото семејство. Тој вети и повторно отворање на „вратите на интеграцијата во ЕУ“, кои, како што тврди, „биле затворени од режимот на Рама“.

На протестот не се приклучија сите опозициски групи. Поддржувачите на крилото на поделената Демократска партија, кои не учествуваа на собирот, го обвинија Бериша дека го искористил протестот за лична корист со цел да го зголеми бројот на своите симпатизери.

Бројот на поддржувачите на Бериша значително се намали откако САД во 2021 година и Велика Британија во 2022 година му забранија влез на него и на неговото семејство поради наводна вмешаност во корупција.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.