Во југозападните делови од земјава синоќа бил почувствуван земјотрес

news
Advertisement

Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави дека епицентарот на земјотресот бил на околу седум километри од Дебар, на длабочина од осум километри
Во југозападните делови од земјава синоќа бил почувствуван земјотрес. Потресот со магнитуда од 3,1 степени според Рихтеровата скала бил регистриран во 22:44 часот по локално време.

Advertisement

Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави дека епицентарот на земјотресот бил на околу седум километри од Дебар, на длабочина од осум километри.

Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје информира дека епицентарот на земјотресот бил во Албанија, на 97 километри југозападно од Скопје.

„Според досегашните информации, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на нашата земја, со интензитет од II – III степени според Европската макросеизмичка скала“,

соопштија од Опсерваторијата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.