Во Tурција училиште ќе го носи името Македонија, а секоја училница ќе биде именувана по некој македонски град

news
Advertisement

Градските власти на турскиот град Малатија речија да именуваат училиште со името „Македонија“ во знак на благодарност за помошта по земјотресите што ја погодија земјата и во кои загинаа илјадници лица.

Advertisement

Според најавите ќе започне со настава на 11 септември и ќе има 24 училници.

Како што соопштија од Стопанската комора на Македонија-Турција, училиштето го симболизира духот на пријателството и соработката меѓу двата народи.

Училиштето е изградено со донацијата со која се изгради едно од стотината срушени училишта во овој реон.

„Македонија“ во Малатија е круна на сите активности кои беа преземени со цел да се помогне на турскиот народ по разорниот земјотрес што се случи на шести февруари годинава во Турција.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.