Вработените се мета на закани поради обидите да продадат имот што е ставен на аукција, вели директорот на Агенцијата за конфискуван имот

news
Advertisement

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу, не прецизираше во врска со чиј имот се добивани заканите. Не одговори конкретно ниту за формата во која се добивани истите, но рече дека случајот е пријавен во надлежните институции.

Advertisement

Инаку, во моментов на аукција е недвижен имот на поранешниот директор на Управата за безбедност и котраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, конфискуван од државата по спроведувањето на правосилната пресуда во предметот „Империја“

Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу, денеска на прес-конференција кажа дека вработените во Агенцијата се мета на закани и вознемирувања поради обидите да го продадат конфискуваниот имот што во моментов е ставен на аукција, а чијашто продажба се врши согласо правосилни судски одлуки. Не прецизираше во врска со чиј имот се добивани заканите.

На новинарски прашања за формата на заканите, Небиу не одговори конкретно, но како пример наведе ситуација во која и вработените и заинтересирани граѓани за купување на имотот се соочиле со директни закани.

„За секоја објавена аукција имаме посебен ден кога сите понудувачи можат да видат за каков стан или каков објект станува збор. Во истиот објект беа присутни сопственици коишто кажаа ‘вие не можете да ги купувате овие станови затоа што се наши’. Кон клиентите и кон нашиот вработен рекле дека објектот нема да се дава на јавно наддавање“,
посочи директорот на Агенцијата за управување со одземен имот.
Заканите, како што рече Небиу, се пријавени во надлежните институции.

„Обидот да нè заплашите е на погрешна адреса. Нема место за стравување и нема да дозволам да се попречи извршувањето на ниту еден предмет за кој е донесена правосилна судска одлука. Воедно, ја охрабрувам јавноста да аплицира на секоја продажба која ја објавува Агенцијата бидејќи законот е подеднакво важен за сите и ќе се применува за секое име и презиме“,додаде Небиу.

Инаку, во моментов на аукција е недвижен имот на поранешниот директор на Управата за безбедност и котраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, конфискуван од државата по спроведувањето на правосилната пресуда во предметот „Империја“.

Извор: https://360stepeni.mk/vrabotenite-se-meta-na-zakani-poradi-obidite-da-prodadat-imot-shto-e-staven-na-auktsija-veli-direktorot-na-agentsijata-za-konfiskuvan-imot/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.