Вучиќ и Ердоган: Односите на Србија и Турција се на највисоко ниво (ВИДЕО)

news
Advertisement

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и Реџеп Таип Ердоган се сретнаа денес во Белград, каде турскиот претседател ја заврши официјалната посета на Србија и продолжи во Хрватска.

Advertisement

Ердоган беше пречекан со највисоки државни и воени почести, со 10 почесни плотуни, црвен килим, построена гарда на Војската на Србија и интонирање на двете химни.

Вучиќ му се заблагодари на Ердоган за посетата на Србија.

„За нас тоа е секогаш голема чест и посебна привилегија. Верувам дека со резултатите покажавме дека односите ги кренавме на многу високо ниво, највисоко во современата историја“, порача Вучиќ.

„Успеавме трговската размена да ја кренеме од ниво под една милијарда на речиси две и пол, со голем скок оваа година. Верувам дека сме на добар пат трговската размена да ја кренеме на пет милијарди евра“, кажа српскиот претседател.

Вучиќ истакна дека разговарале за стабилноста во регионот, војната во Украина, трилатералната средба на Турција, БиХ и Србија.

„Ова е златна доба на српско-турските односи“, заклучи тој.

Потоа на новинарите им се обрати турскиот претседател Ердоган. Тој му се заблагодари на Вучиќ на гостопримството и наведе дека разговорите биле исклучително плодни.

„Кога станува збор за случувањата во БиХ, разменивме ставови. Нашите односи со Србија, кои се на одлично ниво, се развиваат секој ден“, порача турскиот лидер.

Србија ќе биде шестата земја чии граѓани во Турција ќе можат да патуваат само со лична карта.

Турскиот претседател се осврна и на дијалогот на Белград и Приштина, истакнувајќи дека Турција секогаш следела политика на рамнотежа меѓу овие две земји.

„Има неколку земји на западот за кои сметаме дека не им е правилен пристапот. Постои политика заснована на провокации. Ако се разгледа ситуацијата, може ли да се именува победник на војната? Го нема, но има многу губитници. Луѓето губат животи, а има и големи финансиски загуби“, кажа Ердоган.

„Се обидуваме да ги согледаме начините и да процениме дали војната меѓу Русија и Украина наскоро ќе заврши, но не изгледа така. Морам да ги предупредам оние кои ја потценуваат Русија, дека тоа не треба да го прават. Гасот е важен адут на Русија и сега сите се обидуваат да најдат начин да ја преживеат зимата“, додаде тој.

Турскиот претседател изрази надеж дека ќе се најде решение, и дека војната ќе заврши.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.