Advertisement
Фудбалската репрезентација на Србија вечерва против Бразил ја стартува одисејата на Светското првенство. Претседателот на државата, Александар Вучиќ, е исто така во навивачка еуфорија, а ја спомена и Македонија.
Advertisement
„На последното Европско првенство јас и сите во Србија навивавме за Македонија. Сега е време и браќата Македонци да ни ја дадат поддршката на ова Светско првенство. Уверен сум дека и вечерва против Бразил ќе навиваат за Србија“, изјави претседателот на Србија.
Натпреварот меѓу Бразил и Србија се игра вечерва (20 часот) на стадионот „Лусаил“ во Доха.
Advertisement