Српскиот претседател Александар Вучиќ објави фотографии од неговото учество во процесот на правење чварки во едно домаќинство.
„Ја посетив куќата-домаќин на семејството Радиќ, во селото Шупљак кај Суботица и имав можност да помогнам во изработката на годинешните џимиринки барем на неколку минути. Се разбира, пробав џимиринки, колбаси и сланина, сѐ што Радиќ го прават за гостите и домаќинството. Сакав да премолчам, но на крајот дојде редот на штрудлата со афион. Семејството е столбот на Србија, а обичаите се тие што нѐ одржаа заедно. Да живее Србија!“, напиша Вучиќ.
Тој објави фотографии на кои се гледа како топи чварки.
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02zUTk5hHutHJgQWdkiKjjhW4CJMmBxXUixhXYbVvWsTua5RYK3vkns8qYQ1b84hkjl&id=100051094670379&mibextid=Nif5oz