Advertisement
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“.
Advertisement
Вучиќ најави дека во наредните денови ќе ги запознае граѓаните со сите предизвици што му претстојат.
„На Србија ѝ претстојат тешки денови. Во овој момент не е лесно да се каже какви вести добивме во последните 48 часа. Тие директно ги загрозуваат виталните национални интереси и на Србија и на Српска“, објави тој на неговиот Инстаграм профил.
„Ќе биде тешко, најтешко досега. Ќе се бориме. Србија ќе победи“, додаде тој, пренесува медиумот.
Advertisement