Вучиќ утре повторно во Скопје

news
Advertisement

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, во сабота, на 27-ми јануари, повторно ќе престојува во Скопје, каде што ќе присуствува на свечената академија по повод празиникот Свети Сава.

Advertisement

Како што се наведува во соопштението на Службата за соработка со медиумите на српскиот претседател, програмата и распоредот на посетата ќе бидат дополнитени објавени.

Вучиќ пред неколку дена ја најави возвратната посета на Скопје и присуството на Академијата.

„За неколку дена повторно ќе дојдам во Северна Македонија. Ќе се одржи Академијата по повод Свети Сава, каде што јас и претседателот Стево Пендаревски ќе се обратиме пред претставниците на српскиот народ. Ќе бидеме гости на свечената академија“, рече тој.

Српскиот претседател беше во Скопје во понеделникот на 22-ри јануари, каде престојуваше на самитот за Планот за раст на Западен Балкан, заедно со останатите лидери од регионот. Домаќин на состанокот беше премиерот Димитар Ковачевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.