Вчера во Србија се регистрирани три земјотреси во рок од нецел час

news
Advertisement

Три послаби земјотреси се регистрирани вечерва на територијата на Србија.

Advertisement

Два земјотреси се регистрирани на подрачјето на Крушевац и еден на подрачјето на Нови Пазар.

Според информациите на Сеизмолошкиот завод на Србија, првиот земјотрес е регистриран во 18:59 часот кај Крушевац и бил со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала.

Само шест минути подоцна во истото подрачје е регистриран земјотрес со јачина од 2,2 степени.

Во 20 часот и 15 минути земјотрес со јачина од 1,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран кај Нови Пазар.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.