Геровски: Адем Демачи, херојот на Косово, несомнено заслужува една улица во Скопје да го носи неговото име

news
Advertisement

За жал, истакнатиот косовски дисидент не заслужи тоа да се случи на ваков начин – со отфрлање на името на една од најважните македонски воени формации која во Втората светска војна се бореше против фашистичкиот окупатор, со што македонските власти уште еднаш, овој пат шверцерски, застанаа зад софиската агенда за поткопување на антифашистичкиот карактер на македонската народноослободителна борба.
Милошевиќ. Па сепак, во раните 1990-ти години, кога во јавните настапи зборуваше за Србите, човекот наречен „Балкански Мандела“ често ги користеше термините „нашите браќа, српскиот народ“ или „херојскиот српски народ“. Обвинуван дека не гледа што им прави Србија на Албанците од Косово и на другите во Југославија, Демачи одговораше дека добро знае за теророт што се врши врз Албанците, но објаснуваше дека српскиот народ е манипулиран од властите и дека цел народ не треба да се поистоветува со ниту една политичка класа на власт.

Advertisement

„За мене сите народи се добри. Нема лоши народи. Тие лоши работи што ни ги прават денес српските власти, тоа истото би можеле да му го направат и на сопствениот народ“, ќе рече тој визионерски во тие кризни години.

Американската државна секретарка Медлин Олбрајт му телефонирала на Демачи и побарала од него да го убеди лидерот на ОВК, Хашим Тачи, да го потпише договорот од Рамбује. „Дајте му благослов на Тачи. Ако не му дадете, неуспехот на договорот ќе ве следи како сенка цело време кога обичните Албанци ќе продолжуват да бидат убивани“, го предупредила таа.

Медлин Олбрајт беше опасна и опака жена. Главно со Србите, ама не ги штедеше и Албанците…

Но, Демачи беше тврд орев. На Олбрајт ѝ одговорил: „Ние сме благодарни за вашите напори, но не сакаме да се брзаме. Ако треба да загинат 30.000 Албанци, нека загинат, но ние нема да го предадеме оружјето само врз основа на ветувања. Никогаш нема да се откажеме од нашиот сон да бидеме слободни“.

Олбрајт потоа изнела аргумент за кој Демачи сметал дека не држи вода: „Србија е силна и ве убива и ве уништува“. Демачи одговорил: „Ние не ја започнавме војната за да видиме дали можеме да ја добиеме; ја започнавме за да победиме. Нема да се повлечеме од војната за слобода“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *