Гир: Ниту едно од тврдењата на гласовите кои велат дека С Македонија не може да влезе во ЕУ не е точно

news
Advertisement

Придржувајќи се на честитките по повод четвртата годишнина од пристапувањето на Северна Македонија во НАТО, Гир ја пофали земјава за, како што кажа, нејзиното стопроцентно продолжено усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, а во контекст на нејзиното лидерство и примерот што го дава во однос на Украина
Вообичаено е да се слушнат гласови на сирени кои велат дека оваа земја не може да и пристапи на Европската Унија дали затоа што ЕУ не ја сака внатре или затоа што не е способна да биде дел од Унијата. Ниту едно од овие тврдења не е точно, рече денеска шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир на настанот на Министерството за надворешни работи со дипломатскиот кор организиран по повод одбележувањето на четиригодишнината од членството на С Македонија во НАТО.
„Ние сакаме Северна Македонија да биде дел од Европската Унија, патот е практичен и многу лесно остварлив“,
рече Гир во своето обраќање на настанот.
Говорејќи во таа насока, евроамбасадрот Гир кажа оти го споделува мислењето дека патот кон Европската Унија е пат на просперитет, зајакнување на демократските вредности, владеењето на правото, но и и пат на стабилност.
„Тоа е и пат на безбедност и навистина веруваме дека членството на Република Северна Македонија во Европската Унија ќе биде од корист за сите нас. И од овие причини ја потткнуваме Северна Македоинија да се придвижи што е можно побрзо кон Европската Унија. Сакаме оваа земја да биде дел од Европската Унија врз основа на исполнувањето на обврските коишто ги презеде во јули 2022 година по кои следуваше меѓувладината конференција и скрининг-процесот како и имплементацијата на реформите кои беа утвредени во текот на овој процес, вклучително и тие коишто се набројани во новиот план за раст и реформи на Европската Унија“,
Во однос на Северноатланската алијанса, тој посочи дека таа останува темел за колективната одбрана на сојузниците и е од суштинско значење за евроатланската безбедност.
НАТО и Европската Унија, рече Гир истовремено играат комплементарна улога во зајакнувањето и поддржувањето на мирот и безбедноста во Европа.
„И навистина е препознано дека една посилна и поспособна европска одбрана може позитивно да придонесе кон глобалната и трансатлантската безбедност и е комплементарна и интероперабилна со НАТО“,
рече шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава.
Придржувајќи се на честитките по повод четвртата годишнина од пристапувањето на Северна Македонија во НАТО, Гир ја пофали земјава за, како што кажа, нејзиното стопроцентно продолжено усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, а во контекст на нејзиното лидерство и примерот што го дава во однос на Украина.
Од денешниот настан со дипломатскиот кро воз емјава под повод одбележувањето на четиригодишнината од членството на С Македонија во НАТО / Фото: Принтскрин
„Од руската инвазија на Украина односот на НАТО со Европската Унија значително се зајакна преку стратешкото партнерство. Имаме бројни области на соработка, вклучувајчќи го спротивставувањето на хибридните и кибер заканите, поморската соработка, зајакнување на безбедносните капацитети, борбата против тероризмот и градењето на капацитети“,
Потребата од забрзување на евроинтегративниот процес на С Македонија, како и на другите земји од регионот на Западен Балкан претходно во своето обраќање на настанот ја истакна и шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.
„Во дадените околности европските и евроатлантските интегративни процеси преставуваат и безбедносно прашање и затоа се залагаме за што поскоро интегрирање на Северна Македонија во и земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Сега повеќе од кога било на евроатлантската и европската интеграција на Западниот Балкан треба да се смета како на алатка за подобрување на безбедноста и консолидирање на стабилноста на југоисточното крило како на НАТО така и на Европската Унија. Исто така демократските алатки за евроатлантска интеграција се најдобри алатки за спречување на конфликти и за злонамерно вмешување на трети страни. Демократските вредности и начин наживот ќе надвладеат доколку има доволна политичка поддршка и заедно дејствување на политичкиот запад, како и солидарноста со ониен кои ги прифаќаат истите вредности и бескомпромисно застануваат во нивна одбрана“
Министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи / Фото: Принтскрин (Архива)
Ова, посочи османи е причина повеќе за нова динамика во европската и евроатланската интеграција на регионот.
„Политиката на отворени врати е особено значајна за да се истакнат темелните начела на европската безбедност, според кои сите држави имаат слобода да ги изберат нивните безбедносни аранжмани. Следствено неопходно е да се забраза проширувањето на ЕУ, за натаму да се зајакне нашата безбеност, затворајќи го вакуумот, односно просторот за злонамерно влијание од трети страни“,
рече министерот за надворешни работи.

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.