Ги влече ли Заев уште конците во македонското правосудство кое „го отвори како пупка“?!

news
Advertisement

Луѓето кои „тефтерчето“ на Гордана Јанкуловска не го извадија од уста, се бореа да уриваат наводен режим сега креираат свој режим чија единствена цел е заштита на криминалот во своите редови и продолжување на политичкиот прогон против своите неистомисленици.

Advertisement

Многу интересен е развојот на настаните во Апелациониот суд каде има голем број унапредувања во изминатите недела дена. Вниманието на јавноста најмногу го привлече унапредувањето на судијката Мери Дика која досега ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Апелацискиот суд Скопје, но по последната седница на Судскиот совет стана претседателка на овој суд.

Инаку судијката Мери Дика-Георгиевска, е кума на осудениот во случајот „Рекет“ – Бојан Јовановски-Боки 13. Таа беше и еден од сведоците во овој случај. Но тоа не е се…

Како што претходно споменавме партизацијата на правосудството го достигнува врвот па така Ирена Костадинова од Граѓански суд беше унапредена во судијката во Апелацискиот суд. Инаку Ирена Костадинова е блиска до СДСМ и во роднински врски со висок функционер на СДСМ.

Проблематичен е изборот на Софија Медарска која досега беше судијка во Основниот суд Скопје 2, а беше унапредена во судијка во Апелациониот суд. Филип Медарски сопругот на Софија Медарска е попознат како адвокатот на Зоран Заев во случајот „Поткуп“.

Филип Медарски е пример за семејните кланови во македонското cудcвo, кои најчесто се СДСМ-овски предзнак, поради фактот што СДСМ своевремно има избрано дури 80 проценти од македонските cудии. Мајкта на адвокатот на Заев, Елица Медарска е обвинител во Вишото јавно oбвинитeлcтвo во Скопје, додека неговата сопруга досега работеше како cудиjкa во Основниот cуд Скопје 2, а сега ќе дели правда во Апелација. Таткото пак на сопругата на Медарски, Ристе Спасов е секретар на Cудoт, а сестрата на Филип Медарски, Ана работи на прием на тужби против Македонија во Стразбур.

Досегашниот претседател на Основниот суд Скопје 2, најголемиот граѓански суд, Илир Сулејмани исто така беше унапреден во Апелационен судија од повисок степен. За Сулејмани во правните кулуари отворено се говори како за кадар на ДУИ и неофицијално е во роднински односи со високи претставници на партијата.

Во Апелација се најде место и за судијката Елизабета Настов чиј чичко е судија, а нејзиниот татко е висок функционер на СДСМ.

Унапреувањата кои значат целосна контрола на СДСМ врз македонското правосудство не завршуваат тука. Пред два месеци стручната соработничка во суд Светлана Жупаноска за член на Советот на јавни обвинители, но и покрај фактот што таа не исполни ниту еден услов од членот 32 став 1 од Законот за Советот, кој предвидува кандидатот да е или универзитетски професор по право, или адвокат или истакнат правник, таа стана член на Советот.

Светлана Жупаноска била стручен соработник во суд, а потоа и советник за огласи и вработувања на Катица Јанева во СЈО.

Да се потсетиме дека во изминатите 7 години повеќе од 3 илјади членови на ВМРО-ДПМНЕ беа изведени пред суд или пред истражни органи во најголемиот политички прогон во историјата на независна Македонија. Повеќе од 300 членови на ВМРО-ДПМНЕ се мета на некаков судски прогон.

Иако тогашната опозиција предводена од Зоран Заев тврдеше дека од државата се украдени пет милијарди евра, Зоран Заев со сите спреги на власта и правосудството под целосна контрола на СДСМ не успеа да докаже дека се украдени ниту пет центи од државната каса, ама прогонот сто….

Извор: https://infomax.mk/%d0%b3%d0%b8-%d0%b2%d0%bb%d0%b5%d1%87%d0%b5-%d0%bb%d0%b8-%d0%b7%d0%b0%d0%b5%d0%b2-%d1%83%d1%88%d1%82%d0%b5-%d0%ba%d0%be%d0%bd%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b2%d0%be-%d0%bc%d0%b0%d0%ba%d0%b5%d0%b4%d0%be/?fbclid=IwAR3Ne2VzMPCXUTI4qBYvyncsiG0_88JuCYRo3mjowgB9xdnbt8MnTH0otnI

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.