Големата кашлица се шири – вакцинацијата долг процес и за оние кои сакаат да ги вакцинираат децата

news
Advertisement

Големата кашлица се шири – вакцинацијата долг процес и за оние кои сакаат да ги вакцинираат децата

Advertisement

Епидемијата на големата кашлица натера многу родители да ги вакцинираат децата, но паниката донесе редици, и некои од нив за РСЕ велат дека чекале со часови. Проблемот е и што децата мора да бидат здрави, а процесот на вакцинација и ревакцинација е временски долг. Проблем плус, зошто над 50 насто не се вакцинирани е и раширеното антиваксерство

Големата кашлица зема замав, бројот на невакцинирани деца е голем, делумно заради антиваксери, но има и родители кои сакаат да ги вакцинираат своите деца, но се спречени од други причини, вели за РСЕ Александар, татко на дете кое има 20 месеци.

Александар објаснува дека честите настинки и болести кои децата ги добиваат во градинките може да бидат исто така причина зошто поголем број деца остануваат невакцинирани иако е неспорно е дека има луѓе со антиваксерски ставови и не сакаат да ги вакцинираат своите деца.

„Периодот за прва ревакцина, таа што е на 18 месеци, ни се погоди две три недели пред да избие епидемијата во Скопје. Тогаш не можевме да го вакцинираме затоа што фати бактерија во градинка. Го вакциниравме откако оздраве, а тогаш веќе во јавноста се крена врева за големата кашлица и имаше наплив од деца што сакаа да се вакцинираат. Ние чекавме речиси три часа во вакцинален пункт за да дојдеме на ред. Имаше сигурно 30-тина дечиња што со родителите чекаа да се вакцинираат и приметив дека имаше две-три дечиња што изгледаа дека се на возраст од година и пол кога редовно се прима првата ревакцина. Сите други беа поголеми кои ја пропуштиле првата вакцина“, објаснува Александар.

Епидемија на ниво во Скопје беше прогласена на 15 февруари, а во цела држава од почетокот на оваа недела постои и писмена забрана за прием на невакцинирани деца во градинките.

Вакцинален пункт „Идадија“ во Скопје, вакцинација против голема кашлица, 12.2.2024

Министерството за здравство ги прифати препораките за големата кашлица
Според последните информации на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), кој од понеделникот е на терен и ја проверува состојбата во градинките, во главниот град 50 отсто од дечињата се невакцинирани или нецелосно вакцинирани против големата кашлица. Тоа, пак, претставува дополнителен страв за родителите да ги пуштат своите деца во градинка.

„Моето дете е речиси 18 месеци и досега ги има примено сите потребни дози на вакцината против голема кашлица. Со оглед на тоа што живееме во Скопје, а го видов податокот дека можеби и половина од децата немаат примено вакцина против оваа болест, се вознемирив. Деновиве ќе побарам мислење дали за сега моето дете е доволно заштитено, или можеби треба барем неколку недели пред време да му ја пуштиме и ревакцината која инаку треба да ја прими после 18 месеци“, раскажува мајка на дете од 18 месеци за РСЕ, која побара да остане анонимна.

Граѓани чекаат ред за вакцинација, февруари 2024 година

Во следниот период ќе расте бројот на заболени од голема кашлица кај повозрасната популација
Инаку, според протоколите, првата доза вакцина против голема кашлица (ДТП) се дава на деца на возраст со навршени два месеца, втората доза на возраст од четири месеци и третата доза на возраст од шест месеци.

Првата ревакцинација пак се врши една година по комплетирањето на примарна вакцинација, на 18-месечна возраст. Втората ревакцина се дава во второ одделение, односно на 7-годишна возраст.

Детето да се вакцинира само кога е здраво и по консултација со педијатар

Педијатарот Ангелчо Андоновски за РСЕ вели дека апелите од здравствените власти ги поттикнале родителите да ги вакцинираат децата. Но за да прими вакцина детето мора да е сосема здраво.ИЗВОР РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *