ГОЛЕМАТА ТРАГЕДИЈА ВО „КОРЧАГИН“ ОТВОРИ МНОГУ ДИЛЕМИ Зошто официјален молк за самоубиството на гимназијалецот?

news
Advertisement

Ученик од гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин“ во Скопје си го одзел животот откако ги подигнал оценките по завршената година, јавија вчера попладне повеќе медиуми, повикувајќи се на објава на Фејсбук.

Advertisement

Плусинфо синоќа од повеќе извори ја потврди веста и очекуваше информација од официјални извори.

Се огласи само Советот зс етика во македонските медиуми (СЕММ), со остра реакција за “невнимателното и неетичко известување на медиумите околу самоубиство на ученик во скопската гимназија”
СЕММ ги потсети своите членки и сите медиуми на професионалните препораки кои строго дефинираат кога и како смее да се известува за вакви трагедии.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се разви и сè уште се води широка дебата за настанот, за булингот во училиштата, но и за улогата на училиштните психолози и на другите фактори во образовниот систем.

Поради нагласениот јавен интерес што го предизвика овок трагичен настан, Плусинфо ја пренесува основната информација, без детаљи кои можат да ја зголемат болката на засегнатите и евентуално да виктимизираат и други лица поврзани со трагичниот настан.

И натаму очекуваме официјални информации и реакции за настанот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.