Автобуска несреќа во Никарагва: Најмалку 16 загинати, меѓу кои и деца
Најмалку 16 лица загинаа денеска, меѓу кои и неколку деца, а повеќе од 26 се повредени при превртување на автобус на автопат северно од главниот град, изјави потпретседателот на Никарагва Росарио Муриљо.
Несреќата се случила во близина на Ранчо Гранде, град во департманот Матагалпа, северно од Манагва.
„Девет од 16-те жртви се идентификувани досега“, изјави Росарио Муриљо, сопруга на левичарскиот претседател на Никарагва, Даниел Ортега.
Возачот изгубил контрола над возилото во кое имало околу 70 луѓе, а потоа се превртел на мостот, вели таа.
На фотографиите во медиумите се гледа жолт автобус заглавен во една од металните рампи на мостот.
ПРЕПОРАЧУВАМЕ ВИДЕО Мама сакаше да се пофали со еден куп подароци за деца, луѓето и пишуваат: „Не си нормална“
Акцијата за спасување на патниците е во тек