Голема трагедија. Автобус полн со туристи излета од патот. Има жртви

news
Advertisement

Пет лица загинаа, а 38 други се повредени откако автобус полн со туристи излетал од патот во северозападната турска провинција Бурса.

Advertisement

Автобусот патувал од провинцијата Кутахија до областа Мудања во Бурса. Превезувал група туристи до крајбрежниот град. Меѓу загинатите се возачот и четворица патници, пренесе „Дејли Сабах“.

Минатата недела 34 лица загинаа во две несреќи во провинциите Газиантеп и Мардин во јужна и југоисточна Турција, соодветно. Податоците на Одделот за сообраќај на турската полиција покажуваат дека сообраќајните несреќи ги однеле животите на 920 лица во првите шест месеци од 2022 година. Главната причина за несреќите била грешка на возачот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.