Гордоста на Скопје – МНТ протекува после секој дожд, а платото е во распадната состојба

news
Advertisement

Овој објект кој од далеку изгледа како гламурозен дом на културата, кога ќе пристигнете на неговиот партер ќе ве пречекаат несоодветни глетки како откорнати сијалици, поцрнета и изронета фасада…

Advertisement

Оградата пред театарот која е полнета со стиропор е речиси пред паѓање, фасада е испукана на неколку места, што претставува опасност и за минувачите на ова место.

Објектот каде почива дел од културата во земјава е изграден во склоп на проектот „Скопје 2014“, а проблемите датираат уште од неговото отворање. Црвените теписи, кованите огради и дрвени рамки не ја покриваат поразителната глетка на внатрешноста на театарот.

Испукани ѕидови од влага, распаднати плафони од кои тече вода и се собира во огромни кофи, а на вратите во подрумот се гледаат трагите од поплава во висина од два метри. Несоодветната изведба на објектот во опасност ја носи и милионската сценска механизација.

Ова е сценската јама и нејзиниот долен погон, вакво нешто ретко може да се види во регионот и чини милиони евра, но сепак изведувачите не размислиле да го заштитат соодветно од вода, која што може да нанесе непоправлива штета.

Одржувањето на објектот во живот се сведува на импровизации и крпење, техничкиот директор на МНТ Гунтер Кубе, кој ја придружуваше екипата на канал 5 во обиколката и ги потенцираше недостатоците, вели потребно е системско решение, иако дел од проблемите нема да ги реши ниту такво поради лошата изведба уште од темели на овој објект.

-Со нив или не можеме или многу малку или воопшто не можеме да се справиме, пред се мислам на влагата што се црпи надолу во подрумските простории, потоа мислам на поплавувањето што се случило неколку пати и конечно мислам и на протекувањето што се случува со секои поголеми врнежи.-Гунтер Кубе – Технички директор на МНТ.

Овој објект е во рацете на министерството за култура, каде упативме прашања дали ќе изнајдат системско решение за овој објект да изгледа како што му доликува. Најавија одговор на прашањето, но до подготовката на прилогот тој не стигна.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.