ГОСТИН ВО БИТОЛСКО КАФУЛЕ ИМАШЕ ИЗГОРЕНИЦИ ОД МИНЕРАЛНА ВОДА Доктор Беќаровски се јави по аферата со „Кока Кола“ од Хрватска

news
Advertisement

По веста дека на социјалните мрежи масовно се шират информации кои ги предупредуваат хрватските граѓани дека некои газирани сокови и одредена флаширана вода се отровни и по одговорот од „Кока Кола Хрватска“ за случајот со труењето во кафулиња во Риека, со свој статус на Фејсбук се јави доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во Скопје.
„По конзумирање на производ од палетата на „Кока Кола“ (минерална вода која се полни во Австрија) во Риека, Хрватска, пациент завршил со хемиски изгореници на храноводот и желудникот. Грешката ја призна производителот. Сличен настан од едно битолско кафуле, по конзумирање на минерална вода од друг производител, пред неколку месеци ја разбранува македонската јавност“, напиша доктор Беќаровски.
Наставниот институт за јавно здравје на приморско-горската жупанија утрово потврди дека на анализа пристигнале првите примероци на сокови и минерална вода од кафулињата во Риека, по дојавата дека некои лица пиеле минерална вода од еден производител и се затруле од киселина која им го испржила хранопроводникот.
Од „Кока Кола Хрватска“ потврдија дека случајот со маж кој бил хоспитализиран со хемиска повреда на хранопроводникот е поврзан со шише минерална вода „Ромеркуеле“ и нагласија дека се работи за изолиран случај.

Advertisement

ИЗВОР: https://plusinfo.mk/gostin-vo-bitolsko-kafule-imashe-izgorenici-od-mineralna-voda-doktor-be-arovski-se-avi-po-aferata-so-koka-kola-od-hrvatska/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.