Го тепале како „магаре“ во рингот, имал 40 операции и на крај станал херој

news
Advertisement

Со години англискиот борец Робин Дикин беше етикетиран како најлошиот боксер во светот бидејќи имаше серија од 51 пораз во кариерата, но малкумина знаат за неговата животна приказна.

Advertisement

Впрочем, секоја борба за него била победа, бидејќи поминал низ вистинска голгота на патот да стане професионалец. Како момче морал да се бори со страшна болест, а откако на шест години проодел и имал 40 операции, се заљубил во боксот. Тоа била љубов која се случила случајно, откако лекарите му препорачале да ја вежба мобилноста во боксерскиот ринг.

Мојата амбиција беше луѓето да ме паметат! Да бидам запаметен како губитник? Не. Сакав да бидам запаметен по работите што ги правев, а кои никој друг не можеше, изјави Робин.
За жал, луѓето не обрнуваа многу внимание на работите што ги правел и кои го издвојуваа од останатите. Тој постигна многу повеќе во својот живот од импресивна серија на порази во боксерските мечеви. Се започнало кога имал шест години и за прв пат бил „фрлен“ во рингот.

Ме однесоа на тренинг кога имав нешто повеќе од шест години. Бев во инвалидска количка, едвај се движев. Удирав, а тренерите велеа: „Добар е, може да биде нешто ако може да оди. Продолжив со операции, ги зајакнав нозете и редовно тренирав, откри Робин Дикин.
Напредувал и добивал се повеќе самодоверба во рингот, а добрата работа на тренинзите го подобриле секој аспект од неговиот живот. Тој бил се посигурен на нозе, а самодовербата што ја стекнал му помогнала да престане да биде малтретиран и да им одолее на врсниците кои го исмејувале поради неговиот хендикеп. Така се заљубил во боксот и му го посветил целиот свој живот. По дури 76 аматерски борби добил шанса меѓу професионалците. Уште во 2006 година, на своето деби, го победил Шон Вотсон во Лондон, за веднаш да договори втор меч во кариерата. Неполни четири месеци подоцна, беше поразен од Едуард Краулскис, а истака вечер започнала неговата неверојатна серија. Во текот на следните години загубил уште 50 натпревари, се до 2015 година кога конечно славел против Денис Корниловс.

Победата на поени ја прекина серијата порази која траела повеќе од осум години, па затоа Робин го сметаат за најлошиот професионален боксер во светот. Оние кои го гледале така не знаеле дека ги добил најголемите битки пред да влезе во рингот.

На крајот, Робин Дикин ја заврши кариерата во професионалниот бокс со две победи и 53 порази, но тоа не било се што направил во рингот. Тој се обидел и со бокс без ракави, каде натпреварувачите се борат со голи раце, но и таму не бил особено успешен. Тој ремизирал еден меч и загубил три, пред да направи пауза од две и пол години. Се врати во рингот претходниот месец, иако не тренираше за време на паузата. Секако дека последниот меч во кариерата го заврши со пораз, но се радуваше што имал можност уште еднаш да се бори.

Победи или пораз, не ми е гајле, сакам само да се борам, истакна Дикин по мечот.
И како да не го сака овој спорт? Тој практично му дал сè. Поради тренинзите за бокс во детството пешачел, а подоцна во животот често избегнувал да остане бездомник токму поради борбите кои ги прифаќал и кои му носеле пари да плати за сместување во хотел. Сега сето тоа е зад него, и тешките денови и боксерската кариера, а ужива во „пензија“ со својата избраничка Кристи

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.