Градоначалникот Мерко е на црната листа на САД, ама судските предмети му застареа

news
Advertisement

Градоначалникот на Струга се најде на црната листа на САД поради корупција, но предметите за него започнати во судот, практично, застаруваат поради измените на Кривичниот законик.

Advertisement

Откако беше објавено дека Мерко е на црната листа, членови на Судскиот совет заминаа во Струга за од тамошниот суд да се информираат какви пропусти биле направени во однос на градоначалникот. Според Сашко Георгиевски претгседател на советот, како што објави Алсат, не е најдено ништо спорно, односно не се најдени обиди за влијание или притосок врз судиите. Според него, ако имало пропусти, тогаш во прашање проблем на личностите – судии.

На прашањето во однос на застарувањето на вакви предмети, упатено до заменик минисерката за правда Викторија Аврамовска Мадиќ, која го потпиа предлогот на Кривичниот законик, таа вели дека не сака да коментира.

„Во однос на одлуките, на судските одлуки и одлуките на Јавното обвинителство, па дури и застарувањето, не би сакала да коментирам затоа што не знам точно за кои предмети станува збор и зошто тие застареле и од кои причини“, рече Мадиќ како што објави Алсат.

Стејт Департментот го стави Мерко на црната листа на САД поради корупција и мешање во судството. Но, со неодамнешните измени на Кривичниот законик, сите 16 активни предмети кои се водат против Мерко, најверојатно ќе застарат. Тоа значи дека тој нема да седне во судница за да му се суди за злоупотреба на службената положба според членот 353, кој со измените беше укинат.

Фото од Фејсбукот на Мерко: Како тој ја пречека американската амбасадорка во Струга пред да биде ставен на црната листа

ИЗВОР: https://mkd.mk/node/529324

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.