Градоначалниците на Битола и Велес под истрага?! Еве кој бара

news
Advertisement

СДСМ: ОЈО да ја истражи аферата на градоначалниците на ДПМНЕ со купувањето поскапи машини

Advertisement

Надлежното јавно обвинителство да ја истражи аферата на градоначалниците на ДПМНЕ со купувањето поскапи машини од реалните цени, бараат од СДСМ.

„Општина Битола и општина Велес, раководени од ВМРО – ДПМНЕ набавиле машина за бележење хоризонтална сигнализација, по астрономски цени, неколку пати повисоки од реалните. Општина Битола за речиси 50.000 евра набавила машина за бележење хоризонтална сигнализација, а општина Велес купила иста таква машина по цена 40.000 евра повисока од реалната. Од друга страна општина Илинден набавила таква машина по три пати пониска цена од набавките во Велес и Битола“, се вели во соопштението на СДСМ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.