Груби – Агелер: Македонија нема време за губење, уставните измени се услов за продолжување на европскиот пат

news
Advertisement

Потребата од уставни измени, интеграцијата на земјата во Европската Унија, реформите во земјата, политичката ситуација и процесот на ветинг, биле темите на кои разговарале на денешната средба првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер.

Advertisement

Како што соопштија од кабинетот на Груби, уставните измени биле оценети од посебно значење поради тоа што се услов за продолжување на европскиот пат. На средбата, стои во соопштението, било проценето дека земјава нема време за губење.

Понатамошната интеграција на Западен Балкан во Европската Унија е дополнителна гаранција за стабилност и просперитет во овој дел од Европа, а САД, како сојузник на Северна Македонија, продолжуваат да ја даваат поддршката за завршување на интегративниот процес.

-Секој успех на нашата земја е постигнат во соработка со Соединетите Американски Држави, соопштија од кабинетот на првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.

Функционирањето на владината коалиција било оценето како квалитативно, а Груби истакнал дека европскиот пат бара еден заеднички фронт на сите прогресивни сили, додека САД остануваат силно посветени на поддршката на Република Северна Македонија на патот кон реформите за да се овозможи функционална и стабилна демократија.

На средбата се разговарало и за предлогот за ветинг што треба да ги опфати сите, од политичките личности, судиите и обвинителите, како форма на борба против корупцијата и акција која гарантира суштинска контрола на функционерите пред да бидат избрани на функцијата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.