Груби може да си замине од партиската, но не и од државната функција?!

news
Advertisement

Потклекна ли лидерот на интегративците пред барањата на незадоволната група во која има и пратеници, градоначалници и членови на извршната власт? – Дали може да се очекува, за мир во куќа, Ахмети да го „жртвува“ Груби? – Дел од „огнената група“, кои вчера шест часа беа на средба со Ахмети, велат дека „не би било штета“ вицепремиерот да си замине од функцијата. Една од главните теми на разговор била и таа, „еден министер да нема ексклузивно право самиот да носи одлуки“. Но, познавачите на состојбите не очекуваат дека ќе има смена кај министрите на ДУИ, кои уживаат поддршка и од меѓународната заедница.

Advertisement

„Огнените“ се задоволни од тоа што издејствувале, следната недела да се формираат партиските органи кои три години не беа избрани. Но, Јонузи вели дека тоа ќе биде се` што ќе добијат. Не очекува дека ќе се осмелат да формираат посебна пратеничка група.

По состанокот со Муса Џафери, Блерим Беџети, Изет Меџити, Садула Дураку и Невзат Бејта, Ахмети прифати да се свика Генералниот совет на партијата, а потоа да продолжи со изборот на партиските органи и да се добие отчет од извршната власт. Овој совет ќе избере претседателство и надзорен совет, а потоа треба да се комплетираат и другите партиски органи.Но, сето ова ќе трае една година, до следниот конгрес, кога треба да се избере ново рајководство на партијата. Повторна кандидатура најави и Ахмети, а се очекува таа да биде и единствена.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.