Груби: Се кладев дека автопатите на Бехтел и Енка ќе се изградат побрзо отколку Кичево-Охрид

news
Advertisement

Како што пред десет години се нарекуваше дека проектот за автопатот Кичево-Охрид е најголема инвестиција во Македонија, сега проектот за автопатите 8 и 10-д на Бехтел и Енка се сметаат за најголема инвестиција на Македонија.

Advertisement

Првиот вицепремиер Артан Груби вечерва порача дека овој договор и е историски. Иако неколку пати досега се фрлаа лопати за овие нови автопати, сепак работите во реалност ќе започнат во новата 2024 година, јавува репортер на 4NEWS.mk

„Коридорот 8 и 10-д кој што при крај на следниот мандат ќе биде реалност и го кажав на вашата конференција во Охрид. Имаме кладба со господата од Бехтел и Енка, го гледам и Џамбир тука, дека тие ќе ги изградат нивниот дел од Коридорот 8 пред да заврши изградбата на Кичево-Охрид кој што го гради кинеската компанија Синохидро. Изгледа дека ќе ја добијат кладбата господата од Бехтел и Енка“, изјави вечерва Артан Груби за време на отчетот на Јавното претпријатие за државни патишта.

Според најавите, автопатите треба да бидат завршени за 4 години и седум месеци. На конзорциумот му остануваат уште околу четири години за да ги изгради патиштата. За таа цел се потребни околу 2000 работници, за што се организираа и саеми во неколку градови во државата, но немаше голема заинтересираност.

Последниот оглас за вработување, пак, предизвика реакции во јавноста, оти во делот на потребни вештини е наведено дека кандидатите треба да знаат северно-македонски јазик, наместо македонски јазик.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.