Груевски го честиташе Богојавление: „Остави го сега тоа, зошто нам ни престои да ја исполниме секоја правдa“

news
Advertisement

Честит празник Богојавление (Водици)!

Advertisement

Денот кога Исус Христос е крстен од Свети Јован Крстител во реката Јордан, кој веќе важел за вистински пророк меѓу народот. Св.Јован исто така имал своја божја мисија, да го отвори патот на Исус, па затоа и го нарекуваат Претеча, и бил свесен за тоа.

Настанот е во време кога веќе Исус има навршено триесет години од Своето телесно раѓање, време кога според тогашните закони учител можело да се биде со наполнети 30 години. Период до кога живеел како столар со својата мајка Марија и нејзиниот сопруг Јосиф и со крштевањето го започнал Својот учителски и спасителен подвиг.
Јован дотогаш не го имал видено Исус иако ја знаел својата мисија, а според евангелието веднаш се сетил дека тој е спасителот и се обидел да го одврати со зборовите: “Јас треба од тебе да бидам крстен, а ти при мене ли доаѓаш”, на што Исус му одговорил: “Остави го сега тоа, зошто нам ни престои да ја исполниме секоја правда”, по што Јован го крстил во водата.

Јован постојано ги проповедал позитивните животни принципи и жестоко го критикувал неморалот, лагите и развратот, кои во тоа време во Римското царство го достигнале својот врв.

На удар на јовановите критики бил особено управникот на Галилеја, Ирод Антипа кој ја оставил законитата жена и се оженил со својата снаа од брат со чија осветничка интрига подоцна е одсечена главата на Јован. Ирод Антипа бил син на стариот Ирод, кој наредил да се заколат сите деца во Витлеем во времето кога требало да се роди Исус Христос.
По крштевањето, кое се вршело три пати со потопување и пуштање во вода, небото се отворило и се слушнал гласот на Бог кој објавил дека Исус е негов син, а потоа Светиот Дух во вид на бел гулаб слетал на десното рамо на Исус.
Со ова крштевање, Исус ја започнал неговата мисија и проповедање, избирајќи „прости и неуки“ земјоделци и рибари за свои ученици, апостоли.

Празникот Богојавление (19. Јануари), како многу значаен христијански празник од 2007 година за православните христијани во Македонија е неработен ден.

Честитки за сите кои слават именден или куќна слава денес или утре (Св.Јован), на овој дводневен празник!
Поминете ги овие празнични денови во радост и со добро здравје.

Нека е за многу години! Бог се јави!

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.