Груевски не се плаши да ја каже историската вистина: Честит празник 11 Октомври, денот на востанието против фашистичкиот окупатор на Македонија во 1941 година!

news
Advertisement

Честит празник 11 Октомври, денот на востанието против фашистичкиот окупатор на Македонија во 1941 година.
Исто како и денес и во минатото, секако и пред 2. Август 1944 година, во Бугарија имало многу Бугари и бугарски политичари кои искрено, непристрасно и разумно говореле за Македонија и македонците без претензии да ги негираат или асимилираат во Бугари, или пак да ја негираат македонската национална посебност и различност од бугарската и српската.

Advertisement

Бугарската работничка партија (комунисти) – БРП(к), предводена од Ѓорѓи Димитров-антифашист и комунист кој стекна светска слава уште во триесетите години на 20.век, во 1941 година, кога веќе оваа партија иако не е на власт е многубројна, низ своите прокламирани ставови, ја изразувале реалноста што се однесува до макеоднскта нација, јазик, историја и право на самоопределување како Македонци и тоа во време кога во 1941 година Бугарија е силна и е во еден силен налет, кога Јосип Броз – Тито и Југославија сеуште немаат никаква моќ да наметнат свое влијание како победничка држава врз Бугарија.

Еве што објавиле тие за Македонија и Македонците тогаш, отворено спротиставувајки се на тогаш владејачката профашистичка влада во Бугарија: 1941 год., ЦК БРП (к), Бугарија.

„Македонци!…

Ете денеска, исто онака како и порано, вие немате политичка и културна слобода. Додека т.н. српски големци не ви даваа да се викате Македонци и поради тоа ве гонеа, денеска бугарските фашисти и шовинисти со сила ве тераат да се викате македонски Бугари и исто така ве гонат ако кажете дека сте Македонци. Вашите водачи и борци од минатото, како Гоце Делчев, Пере Тошев, Ѓорче Петров, Јане Сандански, Димо Х. Димов и други, ви се претставуваат како стопроцентни бугарски шовинисти и фашисти. Во сите прогласи на власта и на продадените Македонци борбата на Гоцета за слобода, демократија, рамноправност и самоопределување на македонскиот народ се спроведува со борбата што бугарските фашисти и Хитлер ја водат за освојување и грабеж. Какво одвратно оскврнавување на споменот на вашите големи апостоли и какво гнасно изопачување и фалсифицирање на македонската борба за слобода!…

Ако се осмелите да се наречете Македонци, вас ве гонат, тепаат, не добивате служба, па дури ни пропусница. По установите не смеете да зборувате на македонски јазик и секој македонски разогвор се обележува како србоманство. Целата македонска историја, култура и борби се изопачуваат од страна на бугарските фашисти и шовинисти против волјата и протестите на бугарскиот работен народ, како што до вчера тоа го правеа великосрпските шовинисти против волјата и протестите на српските работни маси и на најкултурните напредни елементи на братскиот српски народ”. Фејсбук статус на екс-премиерот, Никола Груевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.