Груевски: Mицкоски да даде доказ дека јас сум прифатил валкана игра со власта

news
Advertisement

Поранешниот премиер Никола Груевски кој доби азил во Унгарија, бара да бидат објавени докази дека тој имал тајна комуникација со Владата за уставните измени.

Advertisement

Груевски реагира на обвинувањата од неговото наследник Христијан Мицкоски кој го обвини за тајна комуникација со владата со цел уставни измени.

„Во врска со изјавата на Христијан Мицковски за германскиот медиум ФАЦ а поврзано со мене, го повикувам јавно да одговори на следните две прашања: 1. Дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум, 2. Доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој мој потег, изјава, натпис или било што јас сум се обидел да ја поделам партијата и да даде доказ дека јас сум прифатил валкана игра со власта која треба да ја спроведам со помош на мои приврзаници во партијата. Се надевам дека одговорот ќе е јасен, недвосмислен, директен и личен исто како и изјавата, без префрлање на изјави на преставници на партијата, портпароли, давање брифинзи на портали или други медиуми со кои има блиска соработка“, пишува Груевски на Фејсбук.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.