Грчки писател Миривилис: Тие не се ниту Срби, ниту Бугари, ниту Грци туку се православни Македонци

news
Advertisement

Грчкиот писател и поет Стратис Миривилис (1890-1969) бил учесник во воените операции во Првата светска војна кога бил респореден на Македонскиот (наречен и Солунски) фронт. Бил ранет, па командата на грчката војска го смеcтила во куќата на едно македонско семејство додека тој закрепнувал. Тоа искуство Миривилис подоцна го запишал во книгата „Живот во Гроб“ (1924) во која сведочи дека Македонците јасно кажувале дека не се ниту Срби, ни Бугари, ни Грци, туку православни Македонци со свој јазик.

Advertisement

Ова се селаните чијшто јазик е сличен со оној на Бугарите и Србите. Тие не ги сакаат првите бидејќи им ги земаат децата во армијата, а вторите пак, се омразени поради нивниот лош однос кон нив како кон ‘Бугари’. Тие всушност покажауваат симпатии кон нас Грците, бидејќи ние сме вистински духовни претставници на Православниот патријарх во Константинопол… Сепак, тие наведуваат дека не се ниту Булгари (Бугари), ниту „сррп“ (Срби), ниту „грцс“ (Грци), туку православни Македонци“.

Книгата „Живот во гроб“ е едно од најуспешните и најчитаните грчки дела. Се работи за автобиографска новела во која грчки наредник го опишува животот за време на Првата светска војна.

Во подоцнежните изданија на книгата во триесетите години на минатиот век, реченицата којашто ги издвојува Македонците како посебен народ била исфрлена.

За време на монархо-фашистичката диктатура на Јоанис Метаксас во Грција, кога македонскиот јазик бил строго забранет, и германската окупација во Втората светска војна, книгата била ставена на листата цензурирани дела.

Извор. https://mkd.mk/grchki-pisatel-mirivilis-tie-ne-se-nitu-srbi-nitu-bugari-nitu-grczi-tuku-se-pravoslavni-makedonczi/?fbclid=IwAR3DX5_trSkJc-EIY_Vmm6f6axYmXv9Gs3XkirRguaQjxZ4Po4NsNpPVwHc

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.