Гужва уште на првиот ден за фотографирање за лични документи без закажување

news
Advertisement

Голема гужва за фотографирање уште на првиот ден од вонредниот пункт за издавање лични документи, кој МВР го отвори во скопската населба Пролет во пресрет на рокот во февруари до кога граѓаните треба да ги заменат своите документи.

Advertisement

На локацијата може да се аплицира без закажување, а голем број граѓани ја наполнија салата на полициската станица, пренесува Плусинфо.

Се плаќа исклучиво со картичка, а работното време е од 8 до 18 часот. Предвидено е фотографирање на сите кои немаат закажано термин за вадење на лична карта, возачка дозвола или патна исправа.

Личните документи со старото име на државата важат до 12 февруари 2024 година.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.