Дали Арсовска ќе бара помош од СДСМ и ДУИ?

news
Advertisement

После големата криза и раскинувањето со ВМРО-ДПМНЕ, градоначалничката на град Скопје се наоѓа во многу незавидна ситуација, пишува монитор.мк. После неколкуте оставки на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ веќе е очекувано таа да ја изгуби и подршката во Советот на Град Скопје, со што автоматски ќе го изгуби и мнозинството во Советот. Monitor.mk се обиде да дознае како ќе делува Арсовска во новонастанатата ситуација, но во Град Скопје владее молк. Во моментот никој не се осмелува да предвиди што ќе се случи.
Меѓутоа, едно е јасно, Арсовска останува сама во политичката битка, и никој до денес не и дал подршка јавно. Во една ваква ситуација прашањето кое стои во воздух е „Дали Арсовска ќе побара подршка од ДУИ и СДСМ?“
На ова прашање никој до сега не одговори. Па преостанува да се почека во наредните денови како ќе се развиваат работите./monitor.mk

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.