Една од најатрактивни српски пејачки, Наташа Беквалац, повторно ги воодушеви обожавателите со својот аутфит на црвениот тепих.
На забавата „Ало“ се собраа многу ѕвезди и носеа најразлични интересни и инспиративни комбинации, но за онаа на Наташа се‘ уште се зборува.
Многумина велат дека црното најдобро ѝ стои на оваа позната русокоса, што таа покажа дека не е далеку од вистината. Нејзиниот фустан е повеќе од идеален за ваква пригода и зрачи со елеганција. Корсет во боја на кожа со црни детали како конци и корпи ја истакна одличната фигура. Црниот проѕирен тул го прекри целото торзо и ракавите. Од половината ѝ паѓаше едноставно црно здолниште со шлиц.
Косата и шминката секогаш се на врвот на задачата кога е во прашање Наташа Беквалац, па нејзиниот тим овој пат реши да го истакне целиот стајлинг, а косата цврсто ја врза во ниска пунџа, додека посветлата шминка ѝ ја нагласи елеганцијата.
Совршен изглед, секоја чест!
Фото: Инстаграм/ Инстаграм – Стори