Дали знаете што е ванила секс?

news
Advertisement

Ванилa сексот е стар начин за изразување на љубовта. Сексот “ванила” се смета за најосновниот начин на секс. Но се обложуваме дека ако прашате 10 различни луѓе да дефинираат “ванила секс“, би добиле 10 различни одговори.

Advertisement

Кога би ги прашале 10 различни жени да опишат што сметаат под овој поим, секој одговор би бил различен, но и јасен и мудро нијансиран. Одговорите се слични, се разбира, но секое сфаќање на “ванила вкусот” беше точно тоа – нивно сопствено – и многу пософистицирано отколку што терминот првично подразбира.

Што се однесува на самата содржина – дознајте во продолжение на нашиот текст..

Правило број 1
Ванила сексот е стар начин за изразување на љубовта. Ја вклучува мисионарската поза што се состои не само од секс, туку и од серија длабоки и долги бакнежи. Во прашање е нежно и емотивно изразување на љубовта, кое најчесто се појавува на почетокот на секоја сексуална врска.

Правило број 2
Во ванила сексот нема многу експериментирање, испробување на различни пози или фетиши. Овој вид на секс не се “збогатува” со ништо, ниту се користат било какви сексуални помагала.

Правило број 3
Ванилa сексот го добил своето име според сладоледот, бидејќи ванила е обичен вкус на сладолед кој е обичен и малку досаден, така што овој вид на секс е опишан како таков. Сепак, ова не е точно, бидејќи без разлика во која поза водите љубов, може да ви биде убаво и пријатно, ако вие се така чувствувате.

Правило број 4
Овој вид на водење љубов може да биде страстен и возбудлив, бидејќи на овој начин се создава посебна поврзаност помеѓу партнерите.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.