Дали ке се одложи почетокот на второто полугодие – Комисијата реши…

news
Advertisement

Во овој момент нема ризик второто полугодие од учебната година да почне навреме, следната недела. Комисијата за заразни болести, која денес препорача маски во здравствените установи и во домовите што згрижуваат стари лица и забрани посети во болниците и во домовите за стари лица, засега не гледа опасност за училиштата поради зголемената борјка на заболени од грип.

Advertisement

„Учебната година почнува. Во моментот нема ризик дека нешто специјално страшно ќе се случува. Потсетуваме на хигиенските мерки, на проветрувањето. Во моментот нема потреба од нешто посериозно“, рече претседателот на Комисијата, Александар Петличковски.

Комисијата денес извести дека имаме зголемување на бројот на случаи од грип во споредна не само со минатата недела туку и со просечниот број случаи изминатите тринаесет години. Мерките се предложени по вкупно шест смртни случаи на заболени од грип.
Комисијата денес ги повика лицата над 65-годишна возраст и лицата со други болести до 65 години, кои не се вакцинирале, да го сторат тоа оти на вакциналните пунктови сè уште има вакцина за заштита од грип.

Покрај предложените мерки и повикот за вакцинација, Комисијата апелира и оние со слаби симптоми на настинка да останат дома или да се држат настрана од интензивни комуникации.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *