Дали Мицкоски ќе прифати внесување на Бугарите во Уставот само за да биде во позиција да формира Влада?

news
Advertisement

Доколку најголемите партии не се договорат дека единствен пат кон евроинтеграцискиот процес на земјава е отварање и менување на Уставот, тешко дека ќе се формира Влада

Advertisement

Политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски смета дека ова е услов за коалцирање на сите партии од албанскиот политички блок без кои ВМРО-ДПМНЕ нема да може да формира Влада. Математиката од изборниот резултат ќе се сведе на преговарање но и на менување на “тврдиот став“ на опозицијата за сметка на лидерство.

„ Овие двојни претседателски и парламентарни избори ќе бидат едни од најинтересните во повеќе партиската историја на Македонија, од проста причина што има доста партии и коалиции коа ќе го поделат гласачкото тело, а со тоа и постизборно ќе ги поделат собраниските пратенички места па оттука мислам дека ќе биде многу занимливо кој со кого ќе преговара и евентуално дали ќе формира политичка влада. Голема е веројатноста да нема влада, доколку не се договарат најголемите политички партии околу итноста во решавањето на проблемот за откочување на македонските евроинтеграции, а тоа е консензус околу вметнување на Бугарите во Уставот и отворање на првото поглавје во ЕУ после деветнаест години чекање и тапкање во место. Мислам дека клучот за формирање на идната влада е прифаќањето на потребата од промптно донесување на уставните измени и тоа ќе биде траекторијата по која етничко албанските партии ќе го постават како услов без кој не се може постизборно да се коалицира со нив“.

Атанасовски смета дека ВМРО-ДПМНЕ ветува нереална надворешна политика, без конкретен план за ЕУ, ветуваат нереални работи и ги манупулираат граѓаните. Нивното репрограмирање на Преспанскиот Договор и Договорот со Бурагија би бил со многу лоши последици.

„ВМРО-ДПМНЕ води политика на популизам. Ветува нереални работи во однос на надворешната политика на земјата, свесно манипулирајќи ги граѓаните дека може да биде репреговаран т.н ,,француски предлог” и да добиеме подобро решение. Да, според мене може да биде репреговаран со исход кој ќе има многу полоши последици по нас од актуелните. Така што таа политика на делузија е неодоговно и недржавничко однесување. Дури попринципиелно би било да кажат дека ќе го раскинат и Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија, ќе го поништат Преспанскиот договор и ќе го поништат францускиот предлог,одошто да велат дека ќе репреговараат кога никој од меѓународната заедница и од Бугарија не остава ни промил таква можност за нови преговори меѓу двете земји“.

Се поизвесно е дека Мицкоски ќе го смени наративот по однос на Уставните измени за да формира Влада. Подготвен е да прифати внесyвање на бугарите во Уставот а членството кое ќе биде изневерно спремно е сетоа тоа да го премолчи.

„ Голема е веројатноста, лидерот на ДПМНЕ да ја смени реториката во насока на додворување кон меѓународната заедница и албанските потенцијални коалициски партнери и да вели дека ќе ги прифати уставните измени за внес на Бугарите во Уставот со некакви си гаранции. Но тогаш и тој ќе се нареди во редот на ,, предавниците ” и мислам дека доколку тргне по тој пат ,ќе изгуби огромен дел од своето гласачко тело на конто на Левица. Од друга страна,не ме изненадува во партија која има клиентилистичко гласачко тело, сите активисти и партиски членови да молчат кога Мицкоски би се осудил да го изврши ,,предавството” и да прифати внес на Бугарите во Уставот“, вели политичкиот аналитичар Благојче Атанасовски. iyvor Libertas

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.