Дали не очекуваат зголемен број заразени со грип?

news
Advertisement

Сè уште не се пристигнати вакцините против грип, ама надлежните уверуваат дека вакцинацијата ќе почне на време.

Advertisement

Засега официјално започна само пријавувањето за бесплатни вакцини кои државата ги обезбедува за повозрасните граѓани над 65 години, хронично болните, бремените жени, здравствените работници и децата на возраст од 6 месеци до 5 години.

Од Министерството за здравство велат дека на располагање ќе има 60.000 вакцини против грип. Поголем дел од нив, односно 40.000 набавени од државата, а 20.000 од донација. Надлежните апелираат ризичните групи кои сакаат бесплатна вакцина да се пријавуваат на вакцинација.мк.

Граѓаните што ќе се пријават треба да бидат повикани на одреден пункт, а вакцинацијата би требало да започне наредната недела. Поради административните процеси на одобрување на вакцините, кога точно ќе се започне со боцкање не се знае. Во меѓувреме, оние кои сакаат да се имунизираат, а не спаѓаат во ранливите категории ќе можат да се вакцинираат во Центрите за јавно здравје, но вакцината ќе треба да си ја платат од џеб, а ќе ги чини 800 денари, исто како и лани, потврдуваат од Центарот за јавно здравје Скопје. За со пари, не е потребно закажување.

Инаку, според последниот извештај на Институтот за јавно здравје нема починати од грип во сезоната која ја опфаќа и минатата 2021 година, а податоците се заклучно со мај годинава. Според извештајот во сезоната потврдени се околу 3700 случаи на грип. Од нив во текот на 2021 година се регистрирани 1.713 лица или 46 %, а останатите 53 отсто или 1.977 лица се регистрирани во 2022 година. Институтот потврдил и 9 инфекции со грип и КОВИД-19 истовремено. Инаку статистичките податоци за сезоната на грип се бележат од октомври, до мај наредната година.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.