Дали полицаец од Прилеп неовластено го фотографил возилото на своите колеги од АНБ?

news
Advertisement

Кој е полицаецот за кој директорот на АНБ Виктор Димовски тврди дека го фотографирал возилото на оперативци во Прилеп кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бил таму со негови сопартијци?

Advertisement

Првиот човек за национална безбедност уверува дека се работи за поранешен припадник на УБК, кој сега е полицаец, а за тоа што класифицирани информации споделил со раководството на опозициската партија, рече дека веќе се води истрага. Од МВР за Канал 5 потврдуваат дека внатрешно го истражуваат случајот дали нивен припадник е вмешан во случајот.

-МВР преку Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во координација и по насоки на Јавен обвинител веќе презема мерки за расчистување и документирање на кривично-правниот настан, по што ќе следува соодветен поднесок. – одговорија од министерството за внатрешни работи.

Неофицијално, за вмешаност во издавање на тајни информации полицијата извршила проверка кај повеќе лица, но дали се пронајдени некакви докази не се знае. Виктор Димовски најави кривична пријава против пратеникот Драган Ковачки кој на социјалните мрежи ја објави фотографијата од Прилеп а јавно ги објавил и иницијалите на оперативците, но демантираше дека целта им била да ги следат опозиционерите кои тогаш биле на партиски состанок.

Во телефонски разговор за Канал 5 пратеникот Ковачки тврди дека тој лично го фотографирал возилото и во случајов не постои полицаец кој соработувал со ВМРО-ДПМНЕ. Потенцира дека Димовски признава дека тој ден оперативците од АНБ биле во Прилеп.

-Не е точно дека некој поранешен припадник на УБК, а сега полицаец (како што тврди Димовски) ми дал класифицирани информации дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ беше следен во Прилеп. Директорот на АНБ е партиски потрчко и одработува за СДС. Фотографијата која ја објавив на социјалните мрежи е направена од мене, а за сите злоупотреби на раководните лица на службите ќе има одговорност по промената на власта. – изјави Драган Ковачки, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Според пратеникот, целиот случај е креиран за дефокус од скандалот со македонското државјанство на Онишченко, за кој Димовски треба кривично да одговара, да поднесе оставка од АНБ и да одговори дали некој зел мито за украинскиот олигарх да добие документи без НАТО безбедносни проверки.

За двата случаи наредната недела треба да продолжи седницата во собраниската комисија за надзор над работата на АНБ, која вчера беше прекината откако протече аудио пренос од Виктор Димовски додека реферира на седница забранета за јавноста. За овој инцидент спикерот Џафери пријавил во полиција, па сега секторот за комплјутерски криминал од МВР проверува кој снимал, или кој дозволил да се пушти преносот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.