Дали треба да спиете во чорапи – еве што велат експертите

news
Advertisement

Докторката Џес Андраде смета дека сите треба да носиме чорапи во кревет – можеби не е секси, но помага да заспиеме побрзо.

Advertisement

„Носењето чорапи ќе ги загрее стапалата и ќе ги отвори крвните садови кои ќе го оладат телото. Кога телото се лади, тоа е сигнал до мозокот дека е време за спиење, па практично луѓето кои носат чорапи во кревет заспиваат побрзо“, вели таа во видеото што го објави на TikTok.

Заклучокот од бројните истражувања бил дека чорапите на стапалата им помагаат на луѓето побрзо да заспијат бидејќи ја зголемуваат температурата на стапалата. Видеото на д-р Андраде е прегледано повеќе од 11 милиони пати, а мислењата на луѓето се поделени.

Додека едни велат дека нема шанси да спијат во чорапи, други признаваат дека не можат да заспијат со боси нозе.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.